Најголемиот добитник од настаните на 27 април е Заев. Заев кога добива секогаш народот губи. Богданка Кузеска нека излезе од ѕидините на Бихаќа и нека види народ по улиците. Тој народ е таму за Уставобранителите, но и поради сите неправди и хаосот донесен од Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.
Во продолжение на соопштението од ВМРО ДПМНЕ додаваат:
27 април и пресудите потоа се најголемиот срам за Заев, СДСМ и Кацарска судството. Народот си доаѓа по своето, а крајот на мафијата и одговорност потоа ќе дојде многу брзо.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш бил и ќе биде со народот и оваа неправда која ја нанесоа Заев и СДСМ нема да ја премолчи.