Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 32-годишен италијански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 23 април, при проверка на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, употребил лажна исправа – фалсификуван ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот.
Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, тој го употребил документот како вистинит со намера да отпатува од земјава.
фото: Архива