За три децении, Република Северна Македонија има произведено десетици политички монтирани случаи и напади врз демократијата, нерешени до сега поради параполитичкото мешање во судството и со цел да се заштитат криминализираните политичари и политизираните криминалци.
27 април, покрај тоа што е неизлечива рана на нашата кревка демократија, е и најеклатантен случај за тоа како работи овој параполитички систем, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Додека криминалните структури во рамките на спроведувањето на законот и владејачката албанска партија го информираа Груевски за плановите за формирање на ново парламентарно мнозинство, поранешниот претседател на парламентот Вељановски, заедно со пратениците Мукоски, Василевски, Арнаудов и Димовски, им ги отворија вратите на хулиганите нарачани од надвор за да го запрат демократското уривање на режимот. Поранешниот пратеник Груби се погрижи да ги пречека и охрабри терористите додека го прегрнуваше синот на Мијалков кој го водеше народот во овој невиден напад врз храмот на демократијата и животот на народните претставници.
Донесувањето на правдата и политичката одговорност за 27 април, природно стана сенародно барање внатре, но исто така и на нашите европски и американски партнери во странство во европскиот пат на земјата. И што се случи наместо одговорност?
Параполитиката што го обединува новиот македонски режим, кој се преправаше дека донесува промени, заедно со стариот режим претставен од ДУИ и Мијалков, преговараа и донесоа закон со кој се донесува амнестија на извршителите Мукоски, Василевски, Арнаудов и Димовски. Тие го помилуваа директорот Вељановски, спречувајќи го да добие пратенички имунитет. И повторно истите овозможија заминување на сценаристот Груевски и пронајдоа виновен Албанец во лицето на Фета Алими на кој единствена вина му беше што го спаси животот на пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.
Сите овие криминалци, со еден исклучок, затоа што некој сакаше поинаку, денес шетаат слободни и не вознемирени од правдата, додека поранешниот пратеник Груби, или инаку познат како координатор на пратеничката група на пратеници од Мијалков, е промовиран во првиот Заменик Премиер на Владата.
Алијансата за Албанците никогаш нема да ги запре напорите за целосна транспарентност и политичка одговорност за 27 април и сите политички монтирани случаи.
Соочувајќи се со заробена држава и длабоко корумпирано и политички контролирано судство, побаравме од пријателските европски земји мисија за да ги разгледаат политичките монтирани случаи, корупцијата на високо ниво и терористичкиот напад на Собранието на 27 април 2017 година врз Собранието на Република Северна Македонија. Ние нема да отстапиме од ова барање и од нашата програма за независно, ефикасно и фер судство, вклучително и преку проверка на судии и обвинители врз основа на европски стандарди.
Правдата може да задоцни, но таа ќе биде поставена.
фото: Точка