Најпрвин треба да си погледне во сопствениот двор, во неговата коалиција со ДУИ, во неговото селективно рушење на дивоградбите, во неговиот тим за селективно легализирање на дивоградбите во Охрид.
Нека ги отвори очите да ги види сите дивоградби во негово време кои пред очи ги гледаше како се градат, ама не смееше ништо да преземе бидејќи има коалиција од интерес, мислејќи дека уште еднаш ќе ја потцени интелигенцијата на охриѓани.
Уште за кратко, а потоа следи одговорност!
Што се однесува за конкретната точка ние ја поддржувавме и ќе гласавме доколку Георгиески покажеше демократски капацитет да ја сослуша опозицијата по предлогот за разрешување на Директорот на ЈП ,,Водовод”-Охрид и неговото катастрофално работење.
Доколку работи во интерес на граѓаните тогаш уште утре нека побара закажување на седница на Совет со две точки на дневен ред:
Предлог-заклучок за отпочнување постапка за разрешување на Директорот на ЈП ,,Водовод”-Охрид; и
Предлог-одлука за начинот и постапка на регулирање на паркирањето во рамките на градежна парцела.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид