Медиасет

(ВИДЕО) Момче се изживува и ја вознемирува лавицата во Скопската зоолошка градина

На социјалната мрежа ТикТок јавно е објавено видео на кое  се гледа како непристојни посетители ја вознемируваат лавицата Бела, велат вработените од скопската Зоолошка градина во објава на Фејсбук, како реакција на непријатното видео коешто веќе се споделува на социјалните мрежи.

– Во Скопје Зоо доаѓаат прекрасни посетители, нашите вработени се постојано на терен, но некогаш и една минута е доволна за некој несовесен да го направи ова. Снимателот и лицето од видеото ќе бидат пријавени во полиција, а Зоо Скопје отсега ќе има и дополнително обезбедување. Нема да дозволиме никој да ја загрози благосостојбата на животните! Лицата ќе одговараат за ова дело, стои во нивната објава.

извор: ФБ Зоолошка градина

На почеток