Словенечката полиција во соработка со американските безбедносни служби спречија лице, чии иницијали не се наведени, да изврши масовно убиство по примерот на вооружените напади во САД.
„Постоеше реална можност и голема веројатност за многу кратко време да дојде до убиства на повеќе лица“, соопшти словенечката полиција на денешната прес-конференција.
Имено, полицијата накратко соопшти дека осомничениот нарачал и платил оружје и муниција преку интернет и имал намера истото да го употреби против луѓето од своето опкружување, а како главен мотив е наведена одмазда.
Некои словенечки медиуми пренесуваат дека станува збор за средношколец од Крањ кој поради проблеми во училиштето планирал да изврши масовно убиство и да ги ликвидира своите соученици.
После истрагата, осомничениот бил уапсен.
фото:Архива