Свет

Нова моќна бура се движи кон Грција

Грчките медиуми пренесуваат дека иако одредени траектни линии во близина на Атина сообраќаат после два дена, опасноста се уште трае. Грчката национална метеоролошка служба објави дека денес се очекува драстично влошување на временските услови на Крит, како и на јужните и западните делови од земјата.

Моќната и ретката бура која што наликува на мини ураган, овој викенд ќе го погоди и источниот дел на Средоземното море.

Грчките медиуми тврдат дека станува збор за хибридна бура која што често ја нарекуваат „Медикејн“ што доаѓа од зборовите “Mediterranean” и “Hurricane”.

Според истражувањето објавено во 2011-та година, само еден или два „Медикејн“ во текот на годината погодуваат различни области на Медитеранот, а овие бури најчесто се појавуваат во септември и октомври кога површината на Средоземното море е топла, но можат и да се случат во било која доба од годината.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток