Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека нема да потпише закон за истополови заедници, доколку помине во парламентот.
Во интервју за „Блиц“, Вучиќ истакна дека Уставот упатува на Семеен закон, кој го дефинира бракот како заедница меѓу маж и жена, а тој е должен да го штити Уставот.
„Не би можел да потпишам Закон за истополови заедници и би го вратил во Парламентот“, истакна Вучиќ.
Претседателот не ја исклучува можноста Уставот да се измени во иднина, но вели дека засега е така.
извор: МАКФАКС