Скопје

Малолетник тешко повреден откако во него удрил автомобил

Малолетник од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил. Според информации од Министерството за внатрешни работи, вчера во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрил во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Надлежните информираат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

фото: Архива

На почеток