Свет

Путин: „Спутник“ вакцината е сигурна како и калашников

Руските препарати против коронавирусот се најбезбедни денес, тие се едноставни и сигурни, а во странство се споредуваат со автоматската пушка калашников, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека решиле да ја поддржат американската вакцина „Модерна“ на светскиот пазар, но дека дури за 10 години ќе се знае колку биле корисни странските препарати.

Според него, сите руски препарати се познати, тие се базираат на технологии и платформи кои се применуваат со децении. Тие се исто така многу современи и денес се, без сомнение, најсигурни и најбезбедни.

Според Путин, Русија денес е единствената земја што е подготвена да ја пренесе технологијата на производство на вакцини во други земји и тоа и го прави.

Водечкиот инфектолог на Медицинскиот факултет во Виена и претседател на Австриското друштво за инфективни болести и тропска медицина, Флоријан Талхамер, претходно изјави дека руската вакцина „спутник В“ покажала ефикасност и сигурност споредлива со карактеристиките на калашников.

фото: Архива

На почеток