Македонија

Во товарно моторно возило „сканиа” на Граничен премин „Богородица“ пронајдени мигранти од Либија

На 06.05.2021 во 14.00 часот во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ било пријавено дека на Царинскиот терминал биле откриени илегални мигранти во товарно моторно возило „сканиа”, со гевгелиски регистарски ознаки, натоварено и пломбирано, а управувано од Р.Ш.(29) од Богданци. По преземени мерки во приколката биле откриени пет лица мигранти од Либија и било констатирано дека церадата била пресечена. По извршен разговор со возачот и мигрантите, на возачот со возилото му бил дозволен влез во државата, додека мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија за понатамошна постапка.

фото: Архива

На почеток