Македонија

(ФОТО) Несреќа на Off Road тура во Охрид, возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија, интервенираше ПСС

Денес во 11:15ч. оперативниот центар на Планинската Спасителна Служба, беше алармиран од група домашни туристи, кои со изнајмени АТВ возила изведувале авантуристичка Off Road тура, при што едно возило со двајца патници излетало од патот и се превртело во провалија длабока десетина метри, објавија од ПСС. 

Екипа од ПСС веднаш се упати на терен, а оперативниот центар ги извести СВР Охрид и Итната Медицинска Помош. Тимот на ПСС во 11:30ч. пристигна на место на несреќата, каде врз две лица (машко и женско), и двете со политрауми, им беше укажана прва помош и согласно протоколот за ваков вид интервенции истите беа целосно имобилизирани и со теренско возило транспортирани до возилата на Итната Помош, кои чекаа на најблиската пристапна точка.

Во 12:10ч. двете повредени лица беа предадени на ИМП и пренесени на понатамошен болнички третман, велат од Планинската Спасителна Служба.

Тие апелираат до туристичките работници и до лицата кои се корисници на услуги во авантуристичкиот туризам, да ги почитуваат и строго да се придржуваат до безбедносните правила, а во случај на несреќа, особено од ваков вид, каде најчесто станува збор политрауми со можни сериозни последици, веднаш да нѐ алармираат и да ги чекаат нашите тимови.

извор и фото: Планинската Спасителна Служба

На почеток