Македонија

Спречени два терористички напади во Македонија, од кои едниот во Скопје

На тема „една година во НАТО, што добивме а што загубивме“, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатиравме со проф. д-р Марјан Ѓуровски.

Тој рече дека благодарение на нашето членство на НАТО, сме имале предупредување на земји партнери, и со тоа сме успеале да спречиме терористички напади во нашата земја.

„За среќа ги имаме партнерите на северно-атлантската алијанса, со кои воспостаивме еден добар систем на заштита на класифицирани информации. Имаме примери во два случаи во кои од земји партнери, бевме предупредени, и беа спречени такви инциденти и терористички напади два терористички напади во Скопје и Македонија“, вели Ѓуровски.

На почеток