Полуфиналните вечери ќе се случат на 18 и 20 мај, додека финалето е закажано на 22 мај. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред . Првата проба на Гарванлиев со “Here I stand” на Евросонг во Ротердам се случи денес и веќе се очекуваат попрецизни прогнози околу пласманот на учесниците, но искуството покажало дека не постојат правила до последниот момент и од есенцијално значење е позитивната мисла и безрезервна поддршка на избраните претставници. Полуфиналните вечери ќе се случат на 18 и 20 мај, додека финалето е закажано на 22 мај. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред, објави Независен.мк.
Поради скратениот буџет за реализација на проектот и условите коишто ги наметна пандемијата, екипата од МРТ која отпатува во Ротердам е исклучително мала. Покрај Васил Гарванлиев во Холандија отпатуваа и Александра Јовановска, новинар кој одлично ги познава евровизиските протоколи и режисерката Тине Матулеси, која го осмисли досега најуспешниот македонски евровизиски настап во 2019 година, но и многу други впечатливи евровизиски настапи.
Костимот за препознатливиот евровизиски црвен килим е креација на Раде Василев & Tip Top, додека пак костимот за на сцена Василев го креира во соработка со Signori.
Особено значаен е фактот што Васил Гарванлиев пред патувањето за Холандија доби поддршка од Мицуко Ушида, пијанистка и диригентка од светски ранг. Во светот на класичната музика опишувана токму како еден од најзначајните музичари на денешницата. Позната по нејзината интерпретација на дела од Моцарт, Шуберт, Шуман и Бетовен, таа има настапувано со Берлинската и Лондонската филхармонија, а меѓу другото е и добитник на Греми.
Директните преноси од сите три евровизиски вечери ќе можете да ги проследите на Првиот и Вториот канал на Македонската телевизија, како и на Првата програма на Македонското радио, со почеток во 21 часот.
Текстот во целост на: Независен.мк.