Мој гостин денеска беше амбасадорот на Кралството Норвешка, Јорн Јелстад. Денот го поминавме разговарајќи за заложбите кои ги правиме за исполнување на препораките на УНЕСКО и имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Георгиески во објавата додава:
Зборувавме и за актуелните активности за уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро и за важните инфраструктурни проекти кои во моментот ги реализира Општина Охрид. Амбасадорот Јелстад изрази заинтересираност за продлабочување на соработката помеѓу охридската локална самоуправа и амбасадата на Кралството Норвешка и реализација на заеднички проекти.
Заедно посетивме неколку важни културни знаменитости во стариот дел на Охрид и на мое задоволство амбасадорот Јелстад уживаше и во езерска пловидба по Охридското Езеро.
извор: ФБ Константин Георгиески