На социјалните мрежи се споделува фотографија на која првиот вицепремиер Артан Груби е во друштво на 7 лица, веројатно на Ифтар, но на масата никој од присутните не носи маска.
Од фотографијата може да се забележи дека на масите седат повеќе од четири лица, колку што пропишуваат мерките.
Фотографијата е постирана на Фејсбук профилот на Груби.
Се поставува прашањето дали ќе се поднесе кривична пријава против вицепремиерот за непочитување на здравствените протоколи?
фото: ФБ Артан Груби