Македонија

Почина Кирил Псалтиров, доајен на македонското глумиште

Денеска после долго и тешко боледување, во Скопје, почина Кирил Псалтиров доајен на македонското глумиште. Тој беше еден од првата генерација на актери кои излегоа од Академијата на драмски уметности во Скопје и целиот свој работен век го помина во Македонскиот Народен театар.

Таму одигра бројни улоги во најпопуларните престави како Госпоѓа министерка, Чорбаџи Теодос, и многу други. Псалтиров Играше во многу македонски филмови како Пред Дождот, Најдолгиот пат, Време води, Пресуда, Мисија Лондон и многу други, како и во бројни ТВ серии како Илинден, Волшебното самарче, Во светот на бајките, но и во популарните македонските народни приказни и Трврдокорни, каде посебно забележани беа неговите улоги во кои ги глумеше војводите Христо Узунов и Дедо Иљо Малешевски.

Погребот ќе се одржи во неговиот роден град Кочани на 09.05.2021 година.

На почеток