Свет

Се урна најголемата кинеска ракета, тешките остатоци паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денеска во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во атмосферата на Земјата, јавија кинеските државни медиуми.

Делови од ракетата „Лонг Марч 5Б“ влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време.

Како што претходно се прогнозираше, леталото имаше широка точка на слетување. Можеше да падне и во близина на Њујорк на северната хемисфера, но и во близина на Нов Зеланд на југ.

На 29. април, јадрото на ракетата „Долг марш 5Б“ висока 30 метри го лансираше модулот „Небесна хармонија“ за вселенската станица Тијанхе.

Извор/фото:Агенции

На почеток