Македонија

Денеска се одбележуваат шест години настаните во Диво насеље, кога загинаа осум полицајци

Денеска се одбележуваат шест години настаните во Диво насеље, кога загинаа осум полицајци.

Македонскиот полициски синдикат со жалење по своите колеги потсетува на хероите кои ги положија животите во Диво Насеље, шест години од еден од најтрагичните настани кои оваа земја ги памети.

„ Датум завиен со црна лента во нашата историја, датум кога изгубивме осум колеги,осум херои ги жртвуваа сопствените животи за да ги заштитат граѓаните на браникот на татковината.

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат во МВР уште еднаш апелира и ја потсетува целокупната јавност дека припадниците на полицијата се тука да ги штитат граѓаните и уставниот поредок на државата и не смеат никогаш да бидат жртви на никакви поинакви интереси“ се наведува во соопштението од синдикатот.

Оттаму додаваат дека сите секогаш ќе ја паметат нивната храброст и секогаш ќе се сеќаваат на херојството на овие херои:

Жарко Кузмановски с. Брвеница;
Ненад Серафимовски с. Зубовце;
Сашо Самојловски ,с. Брвеница;
Бобан Ивановиќ,Скопје;
Горан Илијевски,Гостивар;
Исамедин Османи,Скопје;
Љубиша Аранѓеловиќ, Скопје;
Горан Стојменовиќ,Скопје.

На почеток