Актуелно

Во рок од 2 недели започнува постапката за базенот во Топанско Поле

На денешната средба што градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја имаше со директорот на Агенцијата за млади и спорт, г. Наумче Мојсовски и заменик директорот г. Авни Рустеми се постигна договор во рок од 2 недели да се објави постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско Поле.
Во исто време, треба да се напомене дека базенот ќе има и фотоволтаични панели за енергетска ефикасност, со што ќе се намалат трошоците за електрична енергија за одржување на базенот до 80%.
Градоначалникот Ганиу им се заблагодари на директорот и заменик директорот за изразената подготвеност да ги конкретизираат чекорите кон реализација на проектот за базенот.

На почеток