СТОП!!!
Вчера во Собрание на Република Македонија 72 ненародни претставника решија да гласаат закон со кој ги стимулираат криминалците и буквално фрлаат пепел врз надлежните инспектори и илјадниците констатирани дивоградби на територија на цела држава. Кај нас во општината константирани се над 1000 нерегуларности на градби, кои со закон ќе можат да бидат легализирани. Тоа е голем срам за државата, меѓутоа нема да се откажеме и ќе се бориме до крај неселективно и достоинствено, се вели во објава на ФБ.
Во продолжение на објавата се додава:
По завршување на последната седница на Совет, во Кочани почна да се става крај на безредието и самоволието на бандитите кои градат бесправно. За разлика од претходните години, во текот на викендот спречени и срушени се повеќе нелегални објекти кои верувале или не ги градат и лица од други општини, нешто на што алармирав и претходно.
Лицата се евидентирани, пишани се и кривични пријави, борбата против мафијата продолжува, за очекување сега е да се појави ,,епидемија” на бројчиња за легализација на дивоградби, нешто за што ќе дискутираме во наредниот период. Ве повикувам доколку имате информации за дивоградби да ги пријавувате кај надлежните служби, кои покажаа решителност и одлучност неселективно да го спроведуваат законот и будно да го следат секое отстапување од законската регулатива.
извор: ФБ