Коронавирус

Јужноафриканскиот сој на КОВИД 19, во Мекедонија го имало од месец март

Африканскиот сој на коронавирусот бил изолиран во Институтот за јавно здравје во Скопје, дознава Слободен печат. Високи извори од Министерството за здравство ја потврдија информацијата и рекоа дека се работи за случај од март месец.

Според анализите на ИЈЗ од 1 март до 15 април, кај едно лице од Делчево било детектирано присуството на јужноафриканскиот сој на вирусот Сарс Ков 2. Пациентот е оздравен и повеќе не е ковид-позитивен. Освен за овој пациент досега нема детектирано присуство на јужноафриканскиот сој кај други позитивни пациенти, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

На почеток