Скопје

Стотина лица на Ургентен, дел со оружје барале peaнимација на yбиeниот во Бутел, на докторите им помогнале припадници на ЕБР и АРМ

Преку 200 лица упаднале  синоќа на Ургентниот центар, откако таму било донесено безживотното тело на убиениот Камбер Идризи, кој загина во престрелка која се случи вечерта на 12 мај во населбата Бутел 2.

Пријатели, роднини и познаници упадналее во Ургентниот центар со оружје, се заканувале на персоналот во болницата и го демолирале Ургентниот центар барајќи од докторите да го реанимираат загинатиот Идризи. Присутните се заканувале и со оружје на персоналот во Ургентниот центар, објави analitikum.mk.

За среќа, на помош на лекарите набрзо пристигнале припадници на ЕБР, но и Армијата која го обезбедува ковид центарот.

Неофицијално, убиениот Камбер Идризи имал преку десетина прострелни рани, од кои најмалку две во главата, вратот, левата града, шаката и коленото.

Од болницата 8-Септември на КАРИЛ е префрлен и вториот настрадан во престрелката, Егрин И. кој имал неколку прострелни рани во вратот и рамото. Во моментов се наоѓа во индуцирана кома.

Текстот во целост на:  analitikum.mk.

На почеток