ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски продолжува да дејствува против реформите во образованието, против интересите на граѓаните. Стана јасно дека зад стои зад повиците за бојкот, зад лажните вести за дигитализацијата во образованието и зад утрешните протести, стои ВМРО-ДПМНЕ. Партијата предводена од Мицкоски се обидува да манипулира со родители и ученици заради теснопартиски и бизнис интереси, истакна Стефан Васев од СДСМ.
Васев додаде:
Наместо да покажат конструктивност ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски по секоја цена се обидуваат да го опструираат процесот на дигитализација на образованието.
Фактот што опозициската партија наводно не била против дигитални учебници, н се спротивставува на законското решенија покажува дека ВМРО-ДПМНЕ преку лаги и манипулации се обидува да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.
Толку од интересот на ВМРО-ДПМНЕ за образованиот систем. На оваа партија важни и се само бизнис и партиските интереси и затоа секојдневно шират лажни вести и невистини и се обидуваат да ја манипулираат јавноста.
ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на секоја реформа, на сé што е во интерес на граѓаните и на државата.
Токму поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и уште долго ќе остане во опозиција.