Скопје

(ФОТО) Наместо цвеќиња и зимзелени дрвца, во фонтаната кај ТЦ „Бисер” никна праз

Аеродромци се мајтапат со градоначалникот Златко Марин по социјалните мрежи, откако фонтаната која се наоѓа во близина на ТЦ Бисер во Општина Аеродром, а која беше затрупана со земја за таму да бидат насадени цвеќиња и зимзелени дрвца , никна праз.

„Аеродромскиот Илон Маск – Златко Марин од фонтана направи цвеќарник. Иноваторство на ниво! Затоа и некои друго иноватори посадија праз. Изум на ниво“, пишува во објава на Твитер.

 

После затрупувањето, фонтаната е и успешно посадена со праз. Да, праз, зошто само празна глава може ова да го направи. #Златко, имаш ли памет?“ стои во објавата на Фејсбук која предизвика бурни реакции.

На почеток