Македонија

(ФОТО) Уништена спомен – плочата за убиените бранители кај Вејце

Не поминаа ни две недели, а спомен-плочата поставена на местото на убиството на 8-те бранители кај тетовското село Вејце, е отстранета и најверојатно уништена. На местото на убиството на 28 април 2001 за време на воениот конфликт, сега се наоѓаат само расфрлани цвеќиња кои беа положени при неодамнешното чествување на овој настан. Таблата со имињата на бранителите е искршена и фрлена, а на мермерната спомен-плоча ѝ се губи секоја трага. Од Здружението на бранителите по којзнае кој пат реагираат на ваквите настани, кои редовно се случуваат кога се поставува спомен-обележје за загинатите бранители од 2001, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Бранителите побараа првиот вицепремиер Груби да се погрижи да не се крши спомен плочата на осумте војници убиени од УЧК кај Вејце пред 20 години.

„Откако ја упатив таа порака до вицепремиерот Артан Груби, досега никој не ми се јавил, но ова што во меѓувреме е направено кажува дека воопшто не е реагирано на ова што го бараме. Се надеваме дека надлежните служби овој пат ќе најдат сили да ги пронајдат и соодветно да ги санкционираат сторителите“, истакна Марин Најдов, претседател на Одборот на бранители.

 

Текстот вп целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.

На почеток