Израел во воздушен напад во Газа ја уништи кулата ал-Џалаа, во која се наоѓаа канцелариите на катарската телевизија Ал џезира и агенцијата Асошиејтед прес.
Бомбардирањето на Израел врз Појасот Газа влезе во шестиот ден по ред, со воздушни напади кои го погодија бегалскиот камп каде беа убиени најмалку 10 Палестинци – осум деца, две жени и израмнувајќи високи згради во кои се сместени канцелариите на медиумските организации, вклучувајќи ја и Алџезира.