Владата ќе се поднови со 45 службени возила во кои ќе се возат премиерот, министрите и странските државници. Но, автомобилите нема да се купат туку ќе се изнајмуваат преку оперативен лизинг во нередните три години. Според претходните вакви набавки – тоа ќе значи дека граѓаните за 36 месеци ќе плаќаат за рати за лизинг по најмалку 1.000 евра месечно, или околу 40.000 евра по возило за 36 месеци. Сума што е приближно иста колку што би чинело возилото да се купи од авто салон. По три години 45-те возила наместо да се паркираат во владата- ќе треба да се вратат назад на лизинг компанијата. Ова ќе биде 4- ти ваков тендер за 9 години, втор на оваа влада. А до сега се потрошени околу 4,6 милиони евра само за рентање на владините возила, објави Телма.
Јавноста на нож ја дочека владината одлука. Од антикорупциска ќе побараат од СОЗР подетални информации за да видат која е оправданоста на набавката. За експертите пак ова е еклатантен пример за нерационално трошење на парите на граѓаните.
Од Владата пак оцениле дека оперативниот лизинг бил најповолното решение Деновиве ќе биде објавен тендерот и ќе се знае точно колку пари ќе се потрошат.
Текстот во целост на: Телма.
фото: Телма.