Македонија

Рашковски има лаптоп, мобилен и интернет во Шутка, тврди Божиновски

Зоран Божиновски-Буревесник на социјалните мрежи повторно ја разбранува јавноста со неговите тврдења. Овој пат, повторно поврзани со ексгенералниот секретар Драги Рашковски, кој издржува притвор во затворот во Шутка.

“Драги Рашковски располага со лаптоп, смарт мобилен и интернет врска, одземете му ги”, пиша Божиновски со барање да му се одземат.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Патувањето во Мексико на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, е една од причините поради која обвинителката Ивана Трајчева, се сомнева дека тој може да избега. Втората причина поради која беше побаран ефективен притвор е влијанието врз сведоци, за што, Трајчева тврди дека Рашковски веќе се обидел да го направи тоа. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, веќе поднесоа и жалба на одлуката за куќен притвор, но до овој момент, нема одлука од Кривичниот совет.

На почеток