Македонија

39 илјади граѓани ги примиле двете дози вакцина против Ковид-19

Според податоците на Министерството за здравство досега аплицирани се вкупно 255.259 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани. Досега преку веб платформата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавени 395.776 граѓани.

Со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден кај нас беа регистрирани се 84 оздравени пациенти. Вчера беа регистрирани 51 нов случај на Ковид-19 и тоа во Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по еден, а пријавени беа вкупно 16 починати лица од кои седум од Скопје.

Досега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, починати се 5.296 лица, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 340 пациенти со Ковид-19. Има околу 559 празни болнички кревети во ковид – центрите, а поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти

На почеток