Актуелно

Градоначалникот Георгиески со честитка по повод националниот ден на Власите, 23 мај

По повод Националниот ден на Власите, во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки до припадниците на влашката заедница со искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и благосостојба.
Власите се нераскинлив дел од градењето на нашето општество и даваат вреден придонес во негувањето на меѓуетничкиот соживот и толеранција.
Одбележувањето и почитувањето на овие празници е од исклучително значење за чување и унапредување на меѓусебните односи, како и за јакнење на заедничкиот стремеж за напредок и развој на сите полиња.
Верувам дека и во иднина ќе продолжиме заедно да чекориме кон подобра иднина за нашиот град и нашата држава и да обезбедиме подобар живот за идните генерации, стои во ФБ објавата на Георгиески.
На почеток