Македонија

Суптилна закана или предупредување: Радев упати порака до Македонија за ЕУ патот

Патот на Македонија кон Европската Унија води преку Софија порача денеска бугарскиот претседател Румен Радев за време на чествувањето делото на Светите Кирил и Методиј.

„Одеднаш станав многу интересен за сите европски лидери. Во мометов кон Бугарија е насочено големо внимание. Нема да го употребам зборот притисок, но да не забораваме Бугарија е членка на Европската Унија. Од другите членки бараме солидарност. Најважно е да не дозволиме нови проблеми во Унијата“ – изјави Радев.

Тој потсети дека заедно до претседателот Пендаровски на чествувањето во Рим ќе патуваат заедно, во еден авион.

„Со претседателот Пендаровски ќе ја објавиме нашата јасна, заемна и политичка волја дека ќе ги развиваме односите меѓу нашите две земји во духот на доверба, пријателство и добрососедство“ – рече Радев.

To Top