Свет

Бугарски европратеник и новинар отворија „војна“ со Русија: Кирил и Методиј се бугари, како и Климент Охридски

Европратеникот Ангел Џамбазки од партијата ВМРО-БНД на вицепремиерот Красимир Каракачанов, отвори „војна“ со Руската амбасада во Македонија откако тие напишаа дека Кирил и Методиј се македонски просветители, а словенската писменост доаѓа од Македонија. Под твитот на Руска амбасада, Џамбазки почна со неговите веќе познати провокации, да се што е македонско, го прави бугарско.

„Еве го ова во еден од вашите најсрамни фалсификати. И најпатетично. Писменоста и православието беа донесени во денешна Русија од Бугарија. И ова е факт. „Македонската“ азбука е создадена заедно со македонската нација во Москва во 1945 година. А лагите се вистинска срамота. Засрамете се“, напиша Џамбазки под твитот.

Извесен бугарски новинар Станислав Иванов, се надоврза на коментарите, па бугарин го направи и Климент Охридски.

„Ви благодариме што ја користевте кирилицата – азбуката создадена од големиот бугарски Св. Климент Охридски по наредба на бугарскиот цар Симеон во географскиот регион на Македонија, кој во негово време бил една од провинциите на Бугарија. Светите браќа Кирил и Методиј ја создадоа глаголицата“, напиша непознатиот новинар Иванов до Руската амбасада.

ПРОЧИТАЈ ГО И ОВА: Путин со честитка од која на Бугарите ќе км се слоши: Денес е денот на словенската писменост, која дојде од Македонија

На почеток