Македонија

Ќучук: Тешко почеток на преговорите во јуни

Европратеникот Илхан Ќучук вечерва е соговорник во „Клик Плус“ на ТВ21. Ќучук кажа која е разликата за договорот на Северна Македонија со Грција, и оној со Бугарија. Тој смета дека на оној со Грција е ставена точка, додека во Договорот со добрососедство има запирка.

Тој напомена дека ќе биде потребно време да се реши проблемот, и дека ќе треба „подобро да се запознаеме“.

„Договорот од 2017 година поставувајќи ја темата за заедничка историја кажува и уште нешто дека тоа прашање не може да биде решено во рок од неколку години, тоа е значајната разлика со Договорот од Преспа. Договорот од Преспа генерално кажува дека Република Северна Македонија нема никаква врска, т.е. Република Северна Македонија нема поврзаност со античка Грција и тука разговорот завршува, се поставува точка.

Додека со договорот од 2017 година се поставува запирка и можеби од таму доаѓа поголемото, покомплексното прашање. Дефинитивно мислам дека ова прашање ќе биде решавано во текот на времето и нема како во следните неколку години да биде побаран, како што и господин Василев кажа едноставен одговор на многу сложени прашања акумулирани во текот на годините. Ќе бидат потребни напори, ќе треба да се запознаеме повеќе. Евидентно е дека за исти историски настани имаме различно толкување, имаме различно објаснување, различно гледање, едно во Бугарија друго во Северна Македонија“, изјави Ќучук.

извор:  ТВ21.

На почеток