На 25.05.2021 во 22.00 часoт на магистралниот пат Кичево-Гостивар, полициски службеници од ПС за БПС Кичево ги лишиле од слобода Г.Н.(26) од Велес и М.С.(32) од Скопје. При преглед во возилото „ауди“ во кое се превезувале и при нивен личен преглед била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: Архива