Македонија

СОНК: Учениците нема да ја завршат учебната година ако наставниците не се исплатат за прекувремена работа

Ако наставниците во основните училишта не ги добијат парите за прекувремена работа, можно е да се организира штрајк, учебната година да не заврши навреме, а учениците да не ги добијат свидетелствата додека надоместоците не бидат исплатени, рече на прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделковски.

„Поради пандемијата и посебниот начин на одржување на наставата, децата беа поделени во две групи, а наставниците имаа зголемен број на часови и обврски, но пари како надоместок во многу општини не се исплатени, иако од Министерството за образование и наука велат дека средствата им се исплатени на општините. Ако до 1 јуни парите наставниците не ги добијат надоместоците, учебната година нема да заврши”, рече Неделков.

 

На почеток