Македонија

Македонија ќе дозволи ГМО храна, а истата е штетна за здравјето

Ќе се менува правилникот за генетски модифицирана храна со што ќе се дозволи да се прадава храна со минимални модификации. Агенцијата за храна и ветеринарство до Владата достави предлог Правилник за контрола на спроведување на забраната за производство, увоз и ставање во промет на ГМО храна. Со донесувањето на постојниот закон во 2013. Година, од АХВ било побарано да изготви правилник за поставување на систем за контрола,.

Агенцијата за храна планира од септември да почне научна дебата за да се утврди дали има потреба од менување на постојниот Закон за продажба на ГМО храна.

Во однос на случајот со генетски модифицираниот кочански ориз, в среда би требало да бидат готови резултатите од земените мостри. Од Државниот инспекторат за земјоделство информираат дека земени се мостри од два поголеми складови во кочанско.

Дали точно знаеме што е ГМО?

Генетски модифицираните организми може да се дефинираат како организми во кои генетскиот материјал (ДНК) е променет на начин кој не се јавува природно. Технологијата често се нарекува “модерна биотехнологија” или “генетски инженеринг”. Таа им овозможува на избраните поединечни гени да се пренесат од еден организам во друг, исто така, меѓу несовршени видови.

Како се спроведува проценка на безбедноста на ГМ храна?

Проценката на безбедноста на ГМ храна главно се фокусира на: (а) директни здравствени ефекти (токсичност), (б) потенцијал да предизвика алергиска реакција (алергичност); (в) специфични компоненти за кои се смета дека имаат хранливи или токсични својства; (г) стабилноста на внесениот ген; (д) нутритивни ефекти поврзани со генетска модификација; и (ѓ) какви било несакани ефекти кои би можеле да произлезат од вметнувањето на генот.

Каква е ситуацијата во Европа и светот?

Во ЕУ не постојат специфицирани правила кои го утврдуваат етикетирањето на производите со ознаката ГМО-free. Единственото правило е производите да се во согласност со општите барања пропишани во законодавството кое го регулира означувањето на храната според Регулативата EC 1169/2011. ГМО-free производите мораат, исто така, да се во согласност со правилата за позитивно GMO означување, односно, да не содржат повеќе од 0,9% ГМО и тоа присуство треба да биде случајно или технички неизбежно (согласно Регулативата EC 1829/2003).

Пристапот на одговорните институции кои ја контролираат безбедноста на храната по однос на ова прашање во различни земји членки на ЕУ е различен. Некои земји имаат донесено национална регулатива со која е прецизно дефинирана долната граница на детектирани ГМО во производот под која тој може да се смета дека е ГМО-free. На пример, Холандија и Швајцарија се најрестриктивни во однос на ГМО-free означувањето. Во овие земји, содржината на ГМО во производот треба да е < 0,1% за тој да може да се декларира дека е ГМО-free. Во Германија, националното ГМО-free лого ‘Ohne Gentechnik’ може да се користи за прехранбени производи кои содржат помалку од 0,1% ГМО.

Од друга страна, Франција, Австрија, Хрватска, Грција и Луксембург имаат пофлексибилни правила и главно се придржуваат до границата од 0,9% ГМО. Во некои земји означувањето на производите е регулирано за закон, а во други има препораки и насоки за ГМО-free означувањето.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток