Коментари

(ФОТО) Охрид SOS: Охрид рушат, Струга градат

Пред влезот на село Радожда, на самиот брег, почната е градбаи (според нашиот извор) септичка јама и од неа испуштил цевка директно во езеро, пишуваат во објава на својот ФБ профил Охрид SOS. Истиот тој бил рибокрадец заштитен од неговиот куќен пријател јавен обвинител. Иако периодов доставивме серија претставки и реакции до градежниот инспектор во Општина Струга и до инспекторатот за животна средина, се чини како да мижат пред очигледната девастација на крајбрежјето на потегот од Струга до Радожда. Локалното население известува за перманентно градење на брегот или веднаш до брегот, а инспекции или санкции нема,пишуваат на ФБ од Охрид SOS.

Тие во објавата додаваат:

Зошто се носи План за управување со Охридскиот Регион, зошто се носат специфични закони и одредби, зошто има препораки од меѓународните организации кога никој не ги почитува? Кога веќе нивните струшки колеги не реагираат, нека реагираат тогаш од Државен инспекторат за животна средина или од Државен Инспекторат за Градежништво и Урбанизам. Симптоматично е зошто градоначалникот не се појавува на ниедна дебатна емисија, кога се зборува за Охридскиот Регион, а огромен дел од проблемите се таложат и во административните граници на општината чиј прв човек е тој, пишуваат од Охрид SOS.

На почеток