Наша обврска и должност е да ги почитуваме законите и да ги отстраниме неправилностите.
Годините наназад крајбрежјето на Охридското Езеро беше узурпирано од нелегални градби надвор од сите договори за концесија и законски прописи. Тоа мора да запре.
Ставаме крај на самовилието и девастирањето на светското природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
