Свет

Трамп бара Кина да плати десет милијарди долари поради нејзината улога во пандемијата на коронавирусот

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, бара Кина да плати десет милијарди долари поради нејзината улога во пандемијата на коронавирусот. Тој го повика главниот американски имунолог Ентони Фаучи (80), точно да објасни колку информации знаел за работите што се спроведуваат во Институтот за вирологија во Вухан.

Во својата изјава, Трамп го исмеја својот научен советник за пандемијата, тврдејќи дека спасил стотици илјади животи, спротивставувајќи се на упатствата на Фаучи во речиси секоја сфера, од затворањето на границите, до развојот на вакцините и носењето маски.

„Сега сите, дури и таканаречените ‘непријатели’, ќе почнат да зборуваат дека претседателот Трамп бил во право за кинескиот вирус, дека потекнува од лабораторија“, додава тој.

Републиканците тврдат дека електронските пораки докажуваат оти Фаучи знаел дека во лабораторијата во Вухан се вршат експерименти со генетски модифициран коронавирус.

Текстот во целост на: МАКФАКС

На почеток