Македонија

Русковска пред крај на мандатот, ама не се предава: Им списка на тие што планираат да ја сменат

На тема „релации со власта“, Русковска изгледа самоуверено. Не чувствува оти власта „не ја игра“ и уште повеќе дека ѝ подготвува „свилен гајтан“ за да ѝ најдат мана и да ја тргнат од позицијата шеф на најважното обвинителство во Македонија, пишува Призма по интервјуто со обвинителката. 

Кружат чаршиски муабети дека нејзиното место е таксано за обвинител од поранешното СЈО. Ги чула гласините, но не чувствуваше потреба да ги коментира.

Како што е воздржана во јавните настапи, таква беше и во процената дали е вистина оти високи функционери од власта ѝ забележуваат оти буквално и нив ги „изненадува“ со истраги, заобиколувајќи ја полицијата, урнек што своевремено го воведе СЈО.

„Може да има некаква вистина во тоа“, само одговори за Призма.

Обвинителството со кое менаџира усвои некои методи на згаснатото СЈО, како што е на пример независноста од МВР во истрагите. Тоа за многумина беше клучот за успехот на истражителите на Јанева, бидејќи преку МВР, извршната власт постојано беше информирана за истрагите.

Сега, како што раскажа Русковска, и тие имаат нивни истражители и се понезависни во постапувањето.

„Таков беше случајот ‘Планина’. Многу малку луѓе знаеја во полицијата. Тие што знаеја беа поради посебните истражни мерки, потоа случајот со Рашковски, сега што отвораме некои други случаи…“

Не ја засегаат пишувањата дека смената на првиот човек на Одделот во МВР за дела од организираниот криминал, Лазе Велковски, е навестување за нејзина скорешна детронизација. Уверена е дека тоа се шпекулации.

„Според новиот закон за јавно обвинителство, не постои опција кој било шеф на обвинителство да се смени поради нестручност и некомпетентност. Сега не постои таква можност. Кривично дело немам направено, барем јас не знам дека сум направила, така што сметам дека и да сакаат да ме сменат, нема можност“.

Повеќе на Призма. 

На почеток