Македонија

Вработените во Клинички најавија протест против одлуката на Шилегов

Вработените во Клинички центар преку социјалните мрежи го најавија утрешниот протест против денешната одлука на Советот на Град Скопје за наплата на месечна карта за паркинг. Тие велат дека доколку не биде исполнто нивното барање, од среда ќе започнат со блокирање на наплатните места за користење паркинг.

„На инцијатива на повеќе од 200 вработени во Клинички, а со поддршка на Синдикатот, УТРЕ,11.12.( вторник) за време на законски предвидената пауза од половина час, од 10 до 10 и пол на ХЕЛИОДРОМОТ се одржува протест против одлуката на Советот на град Скопје за наплата на месечна карта од 850 денари за вработените од Клинички.Освен што покачувањето се одразува дирекнто на нашиот буџет, градоначалникот директно со лична изјава длабоко ни го повреди достоинството! Освен децидно неприфаќање на одлуката,, ќе понудиме предлози и здрави решенија во интерес наш , но и на пациентите! Нареден чекор, од задутре е блокирање на наплатните места за користење паркинг. Паузата е време во кое ќе покажеме дека нема повеќе да не цедите по џеб и навредувате како професионалци“, стои во објавата на Фејсбук.

Денес светот на Град Скопје на седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ЈП „Градски паркинг“, па така вработените во Клиничкиот центар наместо 300 ќе плаќаат 800 денари месечна карта за паркирање во комплексот на Клиничкиот центар. Според Шилегов зголемувањето на цената на месечната карта за вработените ќе придонесе да се намали сообраќајниот хаос.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток