Магазин

(ВИДЕО) Во Израел археолозите откриено кокошкино јајце старо околу 1.000 години

Израелските археолози за време на ископувањата во градот Јавне пронашле недопрено пилешко јајце старо околу 1.000 години, кое се смета за едно од најстарите во светот, објави Израелскиот институт за антиквитети (ИАА).

“Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Пронаоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувањата, но тоа е релативно вообичаено, додека наоѓањето на цело јајце е навистина уникатен феномен”, вели д-р. Ли Пери од ИАА, пишува Jерусалим пост.

Јајцето е пронајдено во област што датира од византискиот период (од 4-ти до 7-ми век од нашата ера).

„Бидејќи пукна, повеќето од внатрешните содржини протекоа, но дел од жолчката беше зачуван, што ќе ни овозможи да истражуваме понатаму“, рече Гал.

 

На почеток