Слајдер

На Грција и сметаат македонските дресови, се жалат во УЕФА

Само неколку часа пред почетокот на првиот натпревар на Европското првенство помеѓу Турција и Италија, грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис, испрати писмо со жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, за логото кое го користи Македонија во нејзиниот прв настап на континенталните собири.

Како што информира „Екатимерини“, Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон амблемот ФФМ (за Фудбалската федерација на Македонија) на дресот на репрезентацијата, велејќи дека договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки, вообичаена практика е да користете кратенки на меѓународно признато име на една земја, во овој случај Република Северна Македонија.

Грчкиот официјален претставник рече дека на дресот може да стои СМ (Северна Македонија) или РСМ (Република Северна Македонија), но не и ФФМ, што не ја содржи ознаката договорена според договорот од Преспа во 2018 година.

На почеток