Македонија

Филипче очекува колективен имунитет да имаме до крајот на летото

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека до крајот на летото во земјава може да биде постигнат процент на имунизирани лица за кој ќе може да се каже дека е колективен имунитет, односно тоа би било 50 проценти од популацијата планирана за вацинација.

– Досега се вакцинирани под 300.000 граѓани, а планирано е во следниот период да се вакцинираат уште 300.000 луѓе. Сметам дека до крајот на летото ќе постигнеме процент на имунизирани за кој ќе можеме да кажеме дека е колективен имунитет, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање на денешната заедничка прес-конференција со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Ѕуо.

Министерот по средбата со со амбасадорот на Народна Република Кина Н.Е. Џанг Ѕуо, уште додаде дека амбасадорот лично со неговите заложби ја направи Н.Р. Кина една од нашите најголеми поддржувачи во делот на менаџирање на ковид кризата.

– Уште во текот на минатата година Кина донираше заштитна опрема вредна 30.000 евра, потоа 100.000 долари за набавка на лекот „Фавипиравир“ и сега оваа последна значајна помош од медицинска опрема, која што се користеше за да се пренаменат различни одделенија тука во клиничкиот центар во ковид центри. Се работи за опрема без која не ќе можеше да се третираат пациентите, изјави Филипче

На почеток