Министерот за животна средина, Насер Нуредини нема конкретен одговор кој е виновен што гори депонијата „Буково“, а ниту пак зошто струшката депонија лоцирана на периферијата од градот не е се уште дислоцирана. Откако градоначалникот Рамиз Мерко кажа дека таму може да се прави пикник, Нуредини беше прашан дали тој би отишол со таква намера, а министерот одговори.
„Јас не одам, не сум бил на пикник во депонија. Ние сме во контакт нонстоп со локалните власти. Како што веќе знаете локалната власт е обврзана за собирање на отпад, хигиена, водоснабдување. Не само ‘ќе’ туку имаме процедура за земање заем од ЕБРД, кое треба да биде финализирано до септември, октомври. Имаме физибилити студии за сите проекти за кои зборувам. Како што истакнав претходно, проектот за новата депонија е во тек и се работи на тоа во регионот на Пелагонија. Јас сум министер две години, имаме стратегија за ова. Проблемот е 30 години. И затоа, сега сериозно имаме план да ги чистиме овие депонии.