Тројцата судии се разрешени поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. 360stepeni.mk
повикувајќи се на упатени извори објави дека разрешените судии се Стојанче Рибарев од Врховниот суд и Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски од Апелациониот суд во Штип
Судскиот совет денеска разреши тројца судии. Така одлучила „судската власт“ по расправата по извештаите кои ги прават комисии на известители. Според соопштението од Судскиот совет, сите се разрешени поради „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“.
– по 1(едно) барање разрешени се 2 (двајца) судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и
– по 1(едно) барање разрешен е 1 (еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција, известија од Судскиот совет.
Текстот во целост на: 360stepeni.mk
