Владата го промовираше логото по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата. Но, го погрешила знамето. Во делот на краците, од Владата додале еден крак плус.
Сонцето, уставното име, меѓународниот МК код и бројот 30 се симболите обединети на традиционалната црвена основа со кои се потенцира нашата државност на дизајнот на логото што ќе се користи по повод јубилејот – 30 години од независноста на државата.
– Дизајнот на логото е инспириран од македонската државност, од денот кога граѓаните одлучија да имаме независна Република Македонија и од се она што денес нашата Северна Македонија го носи со себе како демократска држава определена за мир, демократија, соработка и развој, информира денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски.
