Амбасадорот Филип Рикер е назначен за шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Лондон, привремено, во отсуство на амбасадор, соопшти Стејт департментот. Тој ќе ја преземе оваа функција на први август. Амбасадорот Рикер во моментов е в.д. помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.
Рикер беше амбасадор на САД во Северна Македонија од 2008 до 2011 година.