Македонија

Мерко: Регионалната депонија која ќе биде помеѓу Битола и Прилеп, во Могила ќе го реши проблемот со сметот

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко не знае дали ќе биде избран од партијата за нов кандидат за градоначалник за престојните локални избори. Тој вели:

„Ова е можеби најлесното прашање и најтешкото прашање, затоа што ова не зависи од мене. Јас само можам да му се заблагодарам на бога и на граѓаните што се спасив од короната, сум во добра кондиција и не се оптоварувам со можноста да работам и натаму. Тоа зависи прво од граѓаните, дали ме сакаат и понатака, а од друга страна одлука ќе донесат и партиските органи“, вели Мерко.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна објави дека партијата сега е зелена, еколошка, зелена агенда, што подразбира живот во услови по пандемијата, отворање нови работни места. На прашањето. На прашањето дали и Струга ќе биде „зелена“, поточно еколошка Мерко вели:

„Ние веќе го користиме името екологија, еколошка, еко … во многу проекти кои веќе ги работиме. И пред два дена се догаваравме за еден капитален проект, ставивме и име на проектот. Во сите проекти вметнуваме екологија. Треба многу работи да ги прилагодиме на екологијата, односно да ја задржиме екологијата во тие средини“, вели првиот човек на Струга.

Тој додава дека овој периот интензивно се работи на проекти во општината.

„Имаме доста посети, работиме на многу проекти. Од нив дел се реализирани, дел во иднина ќе се реализираат. Има проекти и активности кои се во домен на централната власт и ние треба да делуваме за да ги придобиеме и да ги реализираме во интерес на граѓаните“, вели Мерко.

На прашањето како еколошка Струга кога депонијата е на самиот влез од градот, градоначалникот вели:

„Јас во една прилика реков дека „таму може да се оди и на пикник“ , навистина се трудиме да ја одржуваме на највисоко ниво. Многу пати сум рекол и повторно ќе повторам – сметот не е отров, посебно оној од домаќинствата. Ако сметот се потпалува е тогаш е опасен, затоа ова не го дозволуваме. Ние веќе изградивме пункт за пренос на сметот за почеток се договоривме со Дрисла, но тие ни откажаа. Соработуваме со Владата, во 2018 им дадовме и овластување ние општините да собираме смет и да транспортираме, а третирањето на сметот да го прави централната власт. Не велам дека не ни помогнале со средства, но треба да работиме во регионални депонии. Во контакт сум со министерот за животна средина Насер Нуредини, и тој да ни потврди дека регионалната депонија и за Југозападниот плански регион ќе биде помеѓу Битола и Прилеп, во Могила, така што се надеваме дека за брзо време сметот ќе го пренесуваме во таа регионална депонија“, вели Мерко.

Разговорот со Мерко може да го проследите во продолжение.

На почеток